Стејт департмент: Русија мора да има јасни барања за да го решиме проблемот со извозот на жито

zito
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Координаторот за санкции на американскиот Стејт департмент Џејмс О’Брајан денеска изјави дека Русија треба да биде појасна за тоа што бара за да се врати на договорот за жито.

Во разговор со новинарите, тој рече дека САД се подготвени да помогнат, но дека „не е јасно што Русија смета за успех“.


-Тоа е проблемот… Русија извезува рекордни количини на жито, тие соопштија дека се работи за количина од 61,8 милиони тони минатата година, што мислам дека е 10 до 15 проценти повеќе од која било година претходно. Ако нашата мерка е количината на храна на глобално ниво, тогаш треба да се фокусираме на процесот со посредство на ОН и Турција, кој и помага на Русија да извезува, а тие се жалат на ситниците во системот кој работи многу добро, рече О’Брајан.

Тој истакна дека во изминатата година и половина, светскиот пазар почна да се опоравува од шокот предизвикан од инвазијата на Украина, но работите неодамна се влошија „бидејќи Русија одлучи да се обиде воопшто да ја спречи Украина да извезува“.

-Русија го напаѓа глобалниот систем за безбедност на храната и мислам дека не треба да замижуваме пред тоа. Русија мора да остане изолирана, изразувањето солидарност за ова прашање е многу важна позиција што светот сака да го види од Русија во контекст од оваа војна, рече О’Брајан.

Тој смета дека целта на излегувањето на Москва од договорот е зголемување на цените за да се сврти вниманието на барањата на Русија.

-Пред војната, Украина обезбедуваше околу 10 проценти од житото на глобалниот пазар и околу 40 до 50 проценти од она што Светскиот фонд за храна го испраќаше до најсиромашните земји во светот, рече О’Брајан.

Покрај тоа што Русија го блокира извозот и најави дека секој брод што ќе исплови ќе биде легитимна воена цел, О’Брајан истакна дека Русија бомбардира магацини и дека до вчера биле уништени 2.200 тони складирано жито.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK