Бабовски: Во тек се проверки дали на нашиот пазар има од српскиот чипс со акриламид

chips
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во тек се проверки дали на македонскиот пазар има српски чипс во кој е откриено високо ниво на акриламид, изјави за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

Според Бабовски, ако евентуално се потврди дека го има кај нас, производот ќе биде повлечен.


Во меѓувреме, активно се следи и кога РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ ќе нотира дека чипсот е забранет.

-Во РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ се уште не е нотирано дека овој производ е забранет и дека треба да се повлече од пазарите, а дали е кај нас влезен или не, веќе проверуваме, истакна Бабовски.

На хрватска граница е стопирана пратка на чипс со вкус на пиперка, произведен во Србија, во кој е утврдено високо ниво на акриламид. Ова го објави и Европската комисија на својата официјална веб-страница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK