Австрискиот канцелар Нехамер предлага употребата на готовина да биде уставно заштитена

nehamer
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Австрискиот канцелар Карл Нехамер соопшти денеска дека ќе предложи во Уставот на неговата земја да се додаде правото на граѓаните да користат готовина.

„Се повеќе луѓе се загрижени дека готовината може да биде ограничена како средство за плаќање во Австрија. Луѓето во Австрија имаат право да користат готовина“, се вели во соопштението.


Додека плаќањата со картички и по електронски пат стануваат се почести во многу европски земји, Австрија и соседна Германија остануваат релативно врзани за готовина.

Австриската Влада соопшти дека годишно од банкоматите во државата, која има околу 9,1 милион жители се повлекуваат 47 милијарди евра.

Заштита на правото на плаќање во готово беше барање на крајнодесничарската опозициска Партија на слободата

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK