Во Дебар ќе почне реализација на инфраструктурен проект во интерес на ромската заедница

opstina debar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Дебар најави реализација на значаен инфраструктурен проект во интерес на ромската заедница и сите други граѓани на оваа општина.

-Европскиот совет и програмата „РОМАКТЕД“ фаза 2, заедничката програма на Европската унија и Европскиот совет одобрија средства во износ од 10 илјади евра, во рамки на проектот „Промовирање на доброто управување и зајакнување на Ромите на локално ниво”, информираа попладнево од Општина Дебар, по добиената информација за одобрениот проект.


Со финансиските срества од овој проект се очекува да бидат реализирани неколку зафати и тоа поставување заштитна мрежа во населба „Намазјар”, санирање на оштетувања на улицата „Танас Топаловски“, обезбедување на водоводната мрежа и обнова на потпорниот ѕид.

Населбата „Намазјар” е со мешан состав на населението, но најбројни се припадниците на ромската заедница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK