„Урбани импресии“, изложба на Дејан Макаријовски во Офицерски дом-Битола

kultura
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сликарството на Дејан Макаријоски е своевиден стилски колаж низ кој што тој, се движи со лесни, брзи, прецизни потези, слободно, неоптоварен со некаков патетичен или претенциозен непотребен естетизам, соопштија од битолскиот Културно информативен центар, каде вечер во кристалната сала на Офицерски дом ќе биде отворена изложба со наслов „Урбани импресии“.

Според ликовниот критичар Владо Ѓорески, уметникот Макаријовски создава своевиден творечки фундус од чија повеќенасочна збирка, почнува да дестилира свој израз со специфична поетика.


-Ова, особено е видливо и присутно во негови „урбани пејзажи”, низ кои во контекстот на препознатливите урбани амбиенти, скоро без исклучок, поставува толпа од обезличени фигури – минувачи, осветлени од последните залези, сенки кои што градските „променади” ги претвораат во нејасен, кошмарен сон на отуѓеност, одалеченост, непрепознатливост, изгубеност во сивилото на опстанокот, наспроти колиристичката доминантност која е како почетна сценографија пред драмата на тешката и неизлечива густа ноќ, нагласи Ѓорески.

Изложбата „Урбани импресии“ претставува само мал дел од творечкиот опус на Дејан Макаријоски, со која успешно ја потврдува неговата љубов кон ликовното изразување, посочија од КИЦ-Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK