Руските сили соборија шест украински беспилотни летала во регионот Калуга, на околу 180 километри југозападно од Москва, соопшти Министерството за одбрана, додавајќи дека во нападот нема жртви.
„Во текот на ноќта, руските сили спречија обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со беспилотни летала над регионот Калушка“, се наведува во соопштението.
Противвоздушната одбрана собори шест беспилотни летала.
Како што се додава, во нападот нема жртви и не е причинета материјална штета.