Плејмејкерот на македонската кошаркарска репрезентација Ти-Џеј Шортс верува дека со максимално залагање на сите што ќе добијат шанса да настапат, „црвено-жолтите“ можат да остварат добар резултат на претстојните претквалификации.
– Добро е тоа што во тимот имаме искусни кошаркари и млади, талентирани играчи кои носат енергија. Кога ќе се спојат тие две работи, секогаш придонесуваат за добра атмосфера во репрезентацијата. Треба само да продолжиме да тренираме заедно, да дадеме се од себе и успехот ќе дојде, изјави Шортс.
Ти-Џеј Шортс во претходнуиот циклус ја предводеше македонската репрезентација до пласман во квалификациите за Евробаскетот 2025.
– Мило ми е што се вратив во репрезентацијата, екипата и селекторот ми посакаа добредојде и со нетрпение очекувам повторно да го облечам дресот на националниот тим. На секој натпревар ќе одиме на победа и ќе се обидеме да напредуваме, додаде американскиот бек по првиот одработен тренинг во подготовките.