– Во сообраќајна контрола на полицијата вчера на територијата на град Скопје биле казнети 178 возачи.
Како што информира Министерството за внатрешни работи за возење повеќе од дозволената брзина казнети се 67 возачи, шест мерки се изречени за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за користење мобилен телефон при возење…
МВР укажува дека ќе продолжат сообраќајните контроли и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.