Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изрази денеска загриженост поради штетните последици од заминувањето голем број квалитетни играчи од европските лиги во Саудиска Арабија и ги повика фудбалските власти да „најдат решение“.
Клоп од Сингапур каде неговата екипа утре ќе одигра пријателски натпревар против Баерн Минхен апелираше дека влијанието на Саудиска Арабија во овој момент е „масивно“.
„Најлошо е што преодниот рок во Саудиска Арабија трае три недели подолго отколку во Европа. ФИФА и УЕФА мораат да најдат решение за тоа“, рече Клоп.
Од почетокот на оваа година бројни фудбалски ѕвезди се преселија во богатите саудиски клубови, меѓу кои и Кристијано Роналдо и Карим Бензема.
Од редовите на Ливерпул овој преоден рок во Саудиска Арабија се преселија Џордан Хендерсон, Роберто Фирмино и Фабињо.