На Демир Капија и се одобрени 551.878,00 евра за приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациски системи, пречистителни станици и опрема

demir kapija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Демир Капија се најде на листата на Министерството за животна средина и просторно планирање, со одобрени средства за реализација на приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи, пречистителни станици и опрема, во вкупна вредност од 551.878,00 евра. За ова попладнево информираше демиркапискиот градоначалник Лазар Петров.

Градоначалникот нагласи дека ова е од  огромно значење за општината. Тој искажа благодарност до Министерството и министерката Каја Шукова, за безрезервната поддршка што ја даваат на општината


– Продолжуваме заедно да градиме посигурна и поквалитетна општина за сите и гарантираме уште многу развојни проекти за Демир Капија, додаде Петров.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK