Резолуцијата во американскиот Сенат уште една потврда за државничките политики на СДСМ

sdsm
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Резолуцијата во американскиот Сенат да се слават македонскиот јазик, култура и историја е уште една потврда за успешноста на меѓународната политика на СДСМ и признание за конструктивната улога на Македонците во градењето на американското општество.

По Резолуцијата во Германскиот Бундестаг со Резолуцијата во САД гордост е да се знае дека македонските јазик, култура и историја добиваат признанија и промоции насекаде низ светот.


Наспроти повеќемесечните лаги на ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и идентитет,  факт е дека тие како никогаш порано не се повеќе заштитени и потврдени во светот.

СДСМ продолжува да работи на дополнителна меѓународна афирмација на македонскиот јазик, култура и посебност и да ги остварува стратешките цели на државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK