Јавниот долг на Црна Гора кон крајот на јуни се искачи до 62,42 проценти од БДП

evro_evra_34534543534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавниот долг на Црна Гора на крајот од јуни изнесуваше 4,02 милијарди евра или 62,42 отсто од бруто домашниот производ (БДП), јави црногорската новинска агенција МИНА повикувајќи се на податоци на црногорското Министерство за финансии.

Кога ќе се земат предвид депозитите, вкупниот јавен долг на крајот на јуни изнесуваше 3,75 милијарди евра или 58,19 отсто од БДП, се наведува во соопштението на Министерството за финансии.


Во извештајот се посочува дека надворешниот долг изнесува 3,61 милијарди евра или 56,05 отсто од БДП, додека внатрешниот долг изнесува 411,07 милиони евра или 6,38 отсто од БДП.

Според извештајот, депозитите на крајот на јуни изнесувале вкупно 273,22 милиони евра, вклучувајќи 38.450 унци злато и изнесуваат 4,24 отсто од БДП.

Во вториот квартал државниот долг е намален за околу 56 милиони евра во однос на првиот квартал, главно поради исплатата на државни записи од 39 милиони евра и редовните отплати на долговите, се истакнува во извештајот на црногорското Министерство за финансии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK