Клименко: Украина спречи обид на руски диверзанти да ја преминат северната граница

klimenko
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украина спречи обид на група руски диверзанти да ја премине нејзината северна граница, изјави денеска украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.

„Синоќа граничарите запреле непријателска диверзантско-извидувачка група на државната граница во тргионот на Черниг, на територијата на општина Семјоновка“, рече тој.



Командантот на Обединетите сили на вооружените сили на Украина, генерал-полковник Сергиј Наев, прецизираше дека четворица вооружени мажи се обиделе да ја преминат границата, но биле одбиени од украинските вооружени сили, кои отвориле оган врз нив.

Клименко изјави дека е утврдено дека станува збор за лица кои доаѓаат од руска територија.

„Во пограничните трупи на Украина се мобилизирани луѓе на резервна воена служба за зајакнување на граничните пунктови“, рече Клименко.

Украина го зајакна својот северен воен сектор по заминувањето на шефот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин во Белорусија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK