Светска недела на доењето, да се поддржи и заштити правото на доење за сите жени

doenje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Под мотото „Да го овозможиме доењето, да им помогнеме на вработените родители“ од денеска до 7 август се одбележува Светската недела на доењето. Целта е да се подигне свесноста за значајноста на доењето и мајчиното млеко за мајката и за детето, да се поддржи и заштити правото на доење за сите жени ширум светот.

Како што соопшти Центарот за промоција на здравје и човекови права „МАТРОНА ИНТЛ“, предизвиците на вработената жена остануваат една од најчестите причини за жената да престане да дои порано од посакуваниот и препорачаниот период, кој е најдобар за здравјето, растот и развојот на детето. Токму поради тоа на жената и е потребна соодветна поддршка за одржување на доењето.


– Во тој контекст, на самото работно место, каде престојува жената која дои треба да се обезбедат соодветни капацитети (услови, простор, опкружување) за доење. Соодветна алтернатива се обезбедување на услови за измолзување и чување на мајчиното млеко. Досега само 47 земји во светот наложуваат обезбедување на адекватен простор за доење на работното место, стои во соопштението.

Во текот на оваа недела се организираат различни активности, настани и информативни кампањи со цел да се информираат луѓето за предностите од доењето, за митовите и стигмата околу доењето и да се обезбедат потребните ресурси и поддршка на мајките кои сакаат да ги дојат своите деца.

– Оваа иницијатива има за цел да ги поддржи жените и да им го приближи доењето како природен и најдобар начин на исхрана на нивните деца во првите месеци од животот, вклучително со нивната општествена инклузија како вработени мајки доилки, се наведува во соопштението од „МАТРОНА ИНТЛ“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK