Постигнат договор за платата на машиновозачите, железничкиот сообраќај ќе се нормализира од 20 часот

voz
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Железничкиот сообраќај  во државава ќе се нормализира вечер во 20 часот откако претставниците на машинскиот извршен персонал и на раководството во ЖРСМ Транспорт доцна попладнето постигнаа договор за исплата на вториот дел од платата за јуни и за старт на преговори за измени во актот за систематизација, потврди за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал.

Сообраќајот, што е во прекин од 13 часот денеска кога  вработените стапија во бојкот, според најавите од Димовски, ќе се нормализира со возот за Битола 645 во 20.05 часот.


-Постигнат е договор со менаџерскиот на ЖРСМ Транспорт за исплата на вториот дел од платата за јуни во петок како и да почнат преговори за доставените барања за изменување и дополнување на систематизацијата со што ќе се зголеми коефицинетот на сложеност за машинскиот извршен персонал, а можно е и за сите вработени, изјави Димовски.

Во тек на неколку часовниот прекин на  железничкиот собраќај, не се реализираше сообраќањето на два патнички воза од Скопје за Битола и за Гевгелија, додека од товарните немаше откажување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK