Делегацијата на Македонската традиционална карате федерација (МТКФ) составена од Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви, од денеска до 4 август ќе учествува на голем карате семинар во германскиот град Штутгарт, заедно со светската и јапонска карате легенда Сенсеи Татсуја Нака.
Организаторите најавија учество на повеќе од над 600 каратисти од повеќе европски земји, на кој се презентираат врвни карате техники и кати со изведба на делови од бункај-апликации. Исто така се изведуваат и повеќе биомеханички движења и удари со раце и нозе се со цел каратистите да научат како да ги синхронизираат движењата, ставовите, блоковите и ударите со раце и нозе и како да добијат по голема сила, прецизност и експлозивност.
Семинар од ваков тип за првпат ќе се одржи и во Скопје оваа есен, од 9 до 14 ноември, во организација на МТКФ.
На покана на Дејан Недев, специјален гостин ќе биде Сенсеи Коичиро Окума од ЈКА, Јапонија.