МНР: ВМРО-ДПМНЕ нанесува штета со пласирање шпекулации за повлекувањето на амбасадорот во Јапонија

mnr_#4543534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

31 јули 2023 

Како што веќе објавивме, повлекувањето на досегашниот амбасадор во Јапонија беше спроведено во редовна постапка, согласно законските прописи и внатрешните уредби во Министерството за надворешни работи и со почитување на сите процедури.


Во оваа прилика дозволете да информираме дека Комисијата во рамките на Министерството, како причини за повлекувањето на амбасадорот констатираше причини кои не се совпаѓаат со нападите изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните претставници.

Со пласирањето шпекулации и непроверени наводи кои не се потврдени, се нанесува лична штета кон човекот, кон неговото семејство, и неговите блиски; со ова однесување ВМРО-ДПМНЕ не само што го изгуби човечкиот компас, туку и директно ѝ нанесува штета на дипломатијата и на односите со пријателска земја како што е Јапонија.

Министерство за надворешни работи 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK