Во Охрид денеска на 85 години почина Леонора Чекреџи, легендарната спикерка и водителка на Радио Охрид.
Чекреџи својата професионална дејност ја започна во далечната 1964 година токму во Радио Охрид, каде работеше како спикер и водител се до неговото згаснување. Беше исклучителен професионалец во својата дејност, борец за правилната употреба македонскиот јазик, особено во медиумите.
Погребот ќе се одржи утре на Градските гробишта во Охрид, од 13:30 часот.