Поради менување вентил во АД Просветно Дело, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Даме Груев“ и „Кирил и Методиј“.
Водоснабдувањето, како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување со санација на дефектот.