Регионална работилница за обука на административните кадри за практична примена на измените на Законот за матична евиденција

osce_obse_24324342
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Третата регионална работилница за поддршка на Северна Македонија во нејзините напори за ставање крај на бездржавјанството, ќе се одржи денеска и утре во Охрид.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје, заедно со претставништвото на УНХЦР во Северна Македонија, Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се здружат за да го завршат циклусот регионални работилници за обука на административниот персонал во практичната примена на новоусвоените измени и дополнувања на Законот за матичнита евиденција за задоцнета регистрација на нерегистрирани лица во Северна Македонија.



Како што наведуваат од ОБСЕ, овие работилници се дел од поголемите напори за поддршка на примената на новите законски одредби со цел да се стави крај на бездржавјанството до крајот на 2023 година.

Амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ја изрази својата поддршка за овие напори, со став дека „тоа е амбициозна, но остварлива цел, а Мисијата, заедно со УНХЦР, со задоволство го поддржува овој процес“.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје изработи и видео за подобро да ја запознае пошироката јавност со целите и начините како овие лица да добијат идентитет и да ги остварат нивните уставно загарантирани човекови права за пристап до образование, здравство и социјална заштита, стои во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK