– Албанија годинава повеќе од сигурно е дека ќе забележи рекордна туристичка жетва, зашто туристи има речиси од сите делови на светот.
Тоа поради фактот дека за првите шест месеци ја посетиле 3,4 милиони или 33 отсто повеќе, споредено со истиот период минатата година.
Традиционално најбројни се косовските и македонските туристи, со 1,3 милиони односно 290 илјади а веднаш по нив се црногорските.
-Оваа година за одмор ја избрала и голем број туристи од Западна Европа, чиј број се зголеми по рекламите на престижните странски медиуми. Првото место го држат Германците со 117 илјади а по нив се Британците, со 80 илјади, јави Топ чанел.
По неколку десетици илјади има и од Србија, Грција, Италија, Шпанија, Франција.
Иако во помал број од минатите години сепак во Албанија имало и туристи од завојуваните Украина и Русија, со 10 односно 8 илјади.
-Но, јуни потврди уште еден тренд кај нас, со зголемување на бројот на посети од деловни причини за 58%. Ова покажува дека странците доаѓаат и за инвестиции во Албанија, каде многу од нив купуваат бизниси или станови во крајбрежните градови, наведува телевизијата.
Минатата година во Албанија престојувале над 7,5 милиони туристи.