Блинкен телефонски го уверил соборениот претседател на Нигер дека САД ќе работат на обезбедување на враќање на уставниот поредок во земјата

blinken
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во телефонски разговор го увери соборениот претседател на Нигер Мохамед Базум  дека САД ќе работат на обезбедување на целосно обновување на уставниот поредок по воениот удар во земјата.

Во соопштението на американскиот Стејт департмент се посочува дека Блинкен разговарал и со француската министерка за Европа и надворешни работи Кетрин Колона за напорите за обновување на уставниот поредок во Нигер.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK