Мини кадетски Евробаскет во Скопје

kosharkari_kadeti_#45345434544
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Македонската кадетска кошаркарска репрезентација од денеска до 31 јули ќе им биде домаќин на селекциите на Шпанија, Грција и Израел во рамки на завршниот дел од подготовките за Европското првенство во А дивизијата кое од 5 до 13 идниот месец ќе се одржи во Скопје.

– Ова ќе биде и последната, но и најквалитетна проверка за избраниот тим на селекторот Александар Јованчев во пресрет на оној официјален турнир во кој на едно место ќе биде собрана европската кадетска кошаркарска елита, соопшти попладнево македонската кошаркарска Федерација (КФСМ).


Турнирот ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, а македонските кошаркари ќе го отворат вечерва со дуел против селекцијата на Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK