Реконструкција на повеќе улици, тротоари и две спортски игралишта во Велес и околината

rekonstrukcija ulici
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Велес и во околните населени места деновиве се работи на реконструкција на неколку улици, тротоари и спортски игралишта.

Како што информираат од Општина Велес, се работи на реконструкција на дел од улицата „Кукушка“ во должина од околу 100 метри која во моментов е со коцка, а ќе се реконструира со завршен слој павер елеменети – бехатон. Општина Велес за оваа реконструкција има предвидено 663.665 денари.


Од Општината најавија дека деновиве се очекува да се започне со реконструкција на дел од ул. „Димко Најдов“ – лоцирана во месноста Долни Дуќани, на еден од влезовите во градот. Улицата е со должина од околу 150 метри со два крака на улицата – 600 м2 површина. Се работи за улица со завршен слој на бетон кој е во релативно лоша состојба. Реконструкцијата е предвидена со бетон. Општината за оваа улица има предвидено средства во висина од милион 684 илјади и 500 ден.

Од Општина Велес информираат дека се завршени работите за реконструкција на дел од улицата „Киро Ќучук“ во должина од околу 140 метри. Завршен слој на реконструкцијата е асфалт. За оваа улица се предвидени еден милион 455 илјади  денари.

Во тек се градежни работи за изградба на улица на локација езеро „Младост“ со асфалтирање – дел од улица кон Хотел „Глориус“. Се работи за улица со површина на асфалтот околу 1750 м2. Предвидена вредност по договорот е три милиони 559 илјади денари.

Во тек се исто така активности за реконструкција на тротоарите на ул „8ми Септември“ кон Стар Мост  во должина од околу 275 метри – од продот кон КАМ маркет до Стар Мост. Предвидена вредност на работите по договор е еден милион 356 илјади денари.

Во тек се градежни работи за реконструкција на фекална канализација во должина од 135 метри, како и бетонирање на патека од околу 300 м2 на улица „Јордан Џурнов“. Предвидени се средства по договор во висина од милион 122 илјади денари.

Завршени се работите за асфалтирање на улица и крак на улица во село Сујаклари. Се работи за изградба на нови улици со должина од 260 метри и 115 метри. Вредноста на работите по договор е еден милион 615 илјади денари.

Од Општината информираат дека во тек се активност за реконструкција на партерно уредување во село Сујаклари. Вредноста на работите по договор е еден милион 109.165 денари

Исто така во тек е проектот за реконструкција на спортското игралиште кај Автобуска станица, како и реконструкција на спортското игралиште во населбата Тунел во Велес, а континуирано се изведуваат и градежните активности на Кејот на реката Вардар, информираат од Општина Велес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK