Во Делчево се подготвува првото издание на фестивалот на патриотски и родољубиви рефрени ,,Македонија 2023“

goce delchev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Здружението на граѓани за негување на македонската култура и уметност ,,Македон” од Делчево го подготвува првото издание на фестивалот на патриотски и родољубиви рефрени „Македонија 2023″. Настанот како што информира претседателот на здружението Славчо Десподов ќе се одржи на 2 август 2023 година, на големиот празник Илинден.

-По повод многубројните историски јубилеи од славната македонска историја одлучивме да го востановиме овој Фестивал на патриотски и родољубиви рефрени ,,Македонија 2023″. Фестивалот ќе се одржува секоја година и во рамки на истиот преку видео спотови со слики и кратки видео стории ќе бидат прикажани славни, но и трагични настани и херои од вековната борба на македонскиот народ за слобода и своја држава.  Едноставно преку народната песна ќе пробаме да одржиме своевиден јавен историски час, пред поголем број на граѓани со цел едукација, но и негување на народната песна и спасување од заборав, истакна Десподов.


За да не пропадне оваа благородна идеја и одбележувањето на овие значајни јубилеи, како што додаде Десподов, ќе објават повик за донации.

-Со повикот за донеции се обраќаме до сите вистински македонски патриоти, фирми и поединци од земјата и странство, да го подржат фестивалот со парични средства, според своите можности и желби.  Благодарност за сите донатори кои ако изразат желба ќе бидат и јавно објавени. Телефонскиот број 070/885-851 е на располагање на сите кои сакаат да се вклучат во поддршката за реализација на настанот, рече Десподов.

Фестивалот на патриотски и родољубиви рефрени ,,Македонија 2023″ ќе се одржи на летната сцена во градскиот парк во Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK