Реконструирани игралиштата во пробиштипското училиште „Никола Карев“

igralishte
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Завршена е реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал и кошаркарското игралиште при Општинското основно училиште (ООУ) „Никола Карев“, информираше денеска градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.

На двете игралишта е поставена  нова тартан подлога, а деновиве ќе се постават нови голови и табли за кошеви, како и осветлување за да можат игралиштата да бидат функционални и во вечерните часови за големиот број на ученици и рекреативци кои ги користат.



-Следен проект што ќе се реализира за подобрување на условите во ООУ „Никола Карев“ е реконструкција на патеката околу игралиштата и реконструкција на двете летни училници, вели Анастасов.

Тој истакна дека Општина Пробиштип заедно со општинските образовни институции работи за подобри услови, како за учениците, така и за стручниот и технички персонал во училиштата.

Најави дека  во моментов се во тек тендерски постапки за реконструкција на игралиштата во ООУ „Браќа Миладиновци“ и подрачното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Злетово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK