Солиден настап на пливачот Тодоров на Европскиот младински олимписки фестивал

plivachi todorov
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонскиот пливач Стефан Тодоров имаше солиден настап на Европскиот младински олимписки фестивал во Марибор. На кој се појави во две трки.

Во дисциплината 50 метри слободно заврши прв во својата група, испливувајќи 24.57 секунди и се пласираше на 25 место во конкуренција на 42 пливачи.


Во дисциплината 100 метри слободно во својата група заврши како втор и исплива резултат 54.50 секунди што беше доволно за 40 место од 48 пливачи во генералниот пласман.

Македонската експедиција на Игрите во Марибор беше составена од четворица натпреварувачи во џудо, атлетика, пливање и гимнастика, а знаменосец на свеченото отворање беше џудистот Никола Магдески.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK