Поранешниот британски премиер Тони Блер изјави дека климатските проблеми не можат да се решат без учество на Кина.
Блер ги предупреди лабуристите дека не вреди да се наметнуваат дополнителни трошоци на гласачите за спроведување на „зелените политики“, бидејќи, како што истакна, важни се само емисиите на загадување во Кина.
Тој во интервју за „Њу Стејтсмен“ го предупреди лидерот на лабуристите Кир Стармер дека не вреди да се наметнуваат дополнителни трошоци за гласачите бидејќи министерот за клима во сенка Ед Милибанд инсистираше партијата да не биде поделена за намалување на емисиите на штетни гасови.