Трета заедничка поморска патрола на Русија и Кина почна во Тихиот Океан

tihi okean
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бродовите на морнариците на Русија и Кина ја започнаа третата заедничка поморска патрола во Тихиот Океан, соопшти денеска руската Тихоокеанска флота.

Задачите на заедничката патрола се зајакнување на поморската соработка меѓу Русија и Кина, одржување на мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион, како и следење на морската област и заштита на објектите на поморската економска активност на двете земји.


Откако бродовите го напуштија Владивосток, во водите на заливот Петар Велики беше формиран заеднички конвој кој тргна по рутата која претходно ја договорија двете страни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK