Јапонија ги заостри санкциите и воведе ембарго за извоз на електрични возила во Русија

electric car
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јапонските власти денеска објавија дека ќе ги зголемат санкциите против Русија поради нејзината инвазија на Украина, меѓу кои и ембарго на електрични возила наменети за Русија.

Токио претходно ги замрзна имотите на руски поединци и групи и забрани извоз на стоки во руски организации поврзани со војската, како и извоз на градежни и инженерски услуги.


Јапонската влада денеска го прошири списокот на стоки за кои беа воведени санкции за да вклучи возила со мотори од 1.900 кубика или повеќе, како и хибридни и електрични автомобили.

Новите санкции, одобрени денеска од владата на премиерот Фуми Кишида, ќе стапат во сила на 9 август.

„Откако помина повеќе од една година откога Русија ја започна инвазијата на Украина, го проширивме списокот на стоки што се предмет на забрана за извоз“, изјави за новинарите неименуван претставник на Министерството за економија, трговија и индустрија.

Меѓу производите додадени на листата се челик, пластични производи и електронски делови „кои можат да се пренасочат за воени цели“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK