Големата НБА-ѕвезда, Стеф Кари не се согласува со оние кои веруваат дека неговите најдобри години во НБА се зад него.
Триесет и петгодишниот кошаркар се подготвува за својата 15-та сезона во НБА.
– Се уште се чувствувам како да сум на мојот врв во однос на тоа што можам да постигнам, изјави за „PBS News Hour“ двократниот МВП на лигата
Во сезоната 22/23, Кари имаше просек од 29,4 поени, 6,1 скока и 6,3 асистенции на 56 натпревари, шутирајќи 49,3% од поле.