Скопје, 27 јули 2023
Што знае режимската ДПМНЕ што се медиумски слободи и права и затоа е последна повикана да зборува за оваа тема.
Сите многу добро знаат како ДПМНЕ се однесуваше кон медиумите и новинарите во време на 11 годишниот режим.
Упади во телевизии, апсења, затворање и тепање на новинари и медиумски работници, притисоци врз уредници и бегање од дебата на партиски функционери, така ДПМНЕ се однесуваше кон новинарите.
Исто беше и со платите, ДПМНЕ со години ја држеше платата замрзната на осум до девет илјади денари, стотици илјади работници со години земаа минимална плата.
За разлика од времето на ДПМНЕ, денес СДСМ постојано работи на заштита и унапредување на медиумските права и слободи, а преку зголемувањето на минималната плата, а со тоа и на сите плати во државата, постојано работи на унапредување на животниот стандард на сите категории граѓани.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ