Најмалку осум лица загинаа, а уште едно се води како исчезнато по експлозија на силос во земјоделска задруга во јужен Бразил, соопшти денеска владата на сојузната држава Парана.
Експлозијата се случила во задруга во градот Палотина, на околу 600 километри од главниот град на Парана, Куритиба.
Причината за експлозијата се уште не е позната.
Парана е еден од најголемите производители на житарки во Бразил.