Во тек поставување нова хоризонтална сообраќајна сигнализација во Берово

peshachki premin
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Берово во тек се активности за поставување нова хоризонтална сообраќајна сигнализација на неколку улици. Целта, информираат од Општината, е подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.

– Во тек се активности за одржување на постоечката и поставување нова хоризонтална сообраќајна сигнализација, на локалните улици и патишта. На неколку локации во текот на денешниот ден извршено е обележување на хоризонталната сигнализација, со што покрај подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, сообраќајниците во општината, добиваат нов лик, информираа од Општината


За оваа намена од општинскиот буџет како што додадоа ќе бидат потрошени 464.920,00 денари.

– Реализацијата на проектите од областа на патната инфраструктура, се во насока на зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, посебно на пешаците и на велосипедистите, како и подобрувањето на секојдневната комуникација на жителите, е од голема важност и остануваат приоритет во нашето работење, додадоа од Општината.

Изведувач на работите е БОЈТА ИНГ Скопје, а активностите како што дополнија ќе продолжат и во текот на утрешниот ден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK