„Соседска патрола” синоќа во Кисела Вода

patrola kv
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градонaчалникот, Орце Ѓорѓиевски заедно со инспектори од СВР и со командирот на ПСОН Кисела Вода, вчеравечер извршија обиколка на повеќе локации каде што се собираат  млади лица во доцните часови, паркови, дворовите на  училиштата, градинките, кафулињата, како и на места во кој е нарушен јавниот ред и мир.

-Со лицата кои беа затекнати на посетените локации се разговараше и им беа објаснети законските правила и прописи за превенција од ситуации кои можат да доведат до посериозни нарушувања и безбедноста на граѓаните, информираат од Општина Кисела Вода.


Вчерашната мешана патрола уследи по одржаниот втор локален совет за превенција на општината, како што појаснија, беа дефинирани повеќе чекори во насока на обезбедување на безбедни услови за жителите на општината. Меѓуинституционалната соработка, која е клучна за сигурноста на граѓаните во нивните населени места ќе продолжи и во наредниот период преку вакви и слични акции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK