Во акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената во текот на вчерашниот ден санкционирани се 557 возачи.
Од нив, 40 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 11 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Како што денеска соопштија од МВР, 288 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 269 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.