Утре тестирање на кандидати за вработување во штипска Клиничка болница

alen g
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Клиничка болница-Штип утре организира тестирање на сите кандидати кои се јавија на огласот за вработување, информираше за МИА директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев. Огласот за  вработување е за 16 здравствени работници, од кои осум за лекари, по еден стоматолог и физиотерапевт и шест медицински сестри, а се распишува по речиси три години пауза.

Ѓеорѓијев вели дека тестирањето ќе се одржи утре во 11 часот, а на него треба да се јават 44 кандидати за лекари, 10 медицински сестри, четворица физиотерапевти и тројца стоматолози. По текстирањето на кандидатите ќе следи процедурата за избор на кандидатите, кои ќе се вработат во Клиничка болница-Штип, а во која има недостаток од сто здравствени работници.


Ѓеорѓијев за МИА најави дека во текот на наредната недела ќе достави и ново барање за вработување на лекари, медицински и технички кадар. Колкав ќе биде бројот ќе информира дополнително. Посочи дека во тек е и постапка за поправка на рендген апаратот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK