Секторот за внатрешни работи, на територијата на град Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
Како што информираа денеска од МВР, изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои, за возење повеќе од дозволената брзина, 66 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас итн.
– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот, велат од полицијата.