Поради пожарот што изби вчера во близина на градовите Волос и Велестино во областа Магнисија во централна Грција, во текот на ноќта имаше превентивни евакуации на неколку населени места, јави дописничката на МИА од Атина.
Во пожарот, вчера животот го загубија две лица, во два одделни случаи на две различни локации.
Паралелно, во Грција се уште сѐ активни пожарите на островите Родос, Крф и Евија.
На Родос гори веќе десетти ден, меѓутоа ситуација е значително подобрена во споредба со изминатите денови, додека пак на Евија и Крф пожарите речиси и да се ставени под контрола, иако се уште горат одредени помали жаришта
Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос вчера рече дека за 24 часа во земјата имало 61 нов пожар и истакна дека вчерашниот ден беше најтежок летово.
Посочи дека во битката со огнената стихија помагаат пожарникари и средства од 11 земји.