Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со делегација на МЗШВ, денеска и утре ќе биде во работна посета на Република Словенија.
Како што информираат од МЗШВ, во рамки на посетата министерот Николовски ќе оствари билатерална средба со министерките за земјоделство, шумарство и храна Ирена Шинко и за дигитална трансформација, Емилија Стојменова Дух.
Николовски ќе посети и повеќе фарми, а ќе има и средби со млади земјоделци од Словенија, за рамена и стекнување на нови искуства во делот за поголема поддршка и мотивација на младите земјоделци.