Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај денеска ќе потпишат Меморандум за разбирање во областа на дигитализација и информатичка безбедност.
Потпишувањето на Меморандумот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.