Бранко Геровски: Му честитам на министерот Крешник Бектеши, кој се охрабрил да зборува нормално и слободно

gerovski_342432423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Му честитам на министерот Крешник Бектеши, кој се охрабрил да зборува нормално и слободно, во опкружување кое, спротивно на здравиот разум, ја форсира употребата на целото и на скратеното официјално (службено) име на нашата земја во секоја можна прилика.

Тоа е лудост!


Тоа е погрешно толкување на Преспанскиот договор!

Тоа е и непознавање на синтаксата на македонскиот јазик!

Нема европски министер кој во секоја прилика го употребува официјалното име на својата земја.

Официјалното име на Грција, на пример, е ελληνικη δημοκρατια (елиники димократиа, на грчки) и Hellenic Republic (на англиски).

Грчките министри во најголем број случаи ќе ги употребат имињата Елада и Greece.

Уште Заев ги збрлави министрите на СДСМ, терајќи ги во секоја пригода да повторуваат “Северна Македонија”.

Инаку, центар на сите сложени фрази кои досега беа имиња на нашата земја е именката “Македонија”. Секоја фраза може да се скрати до нејзиниот центар. Тоа е јазично правило.

Затоа, Крешник Бектеши има право да го употребува името “Република Македонија” во контекстот што го објасни. И името “Македонија” во секаков контекст.

Поведението на новинарката не го коментирам. Под секаква критика е.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK