Санкционирани 255 возачи на мотоцикли, 56 биле без возачка дозвола

radar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На територијата на Република Македонија вчера во периодот од 17.00 до 23.00 спроведена е акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 255 возачи.

Од нив, како што соопштуваат од МВР, 162 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 56 возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 156 други видови на сообраќајни прекршоци.


Од МВР велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат  до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе  за побезбедни патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK