Небиу: Агенцијата за одземен имот префрли во Буџетот 650.000 евра

NEBIU
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Агенцијата за одземен имот во периодот од март до јули годинава извршила конфискација на парични средства и спровела продажби на одземен имот за што во Буџетот се префрлени 40 милиони денари односно 650.000 евра, соопшти директорот на Агенцијата Дритон Небиу.

-Агенцијата, во период од март до јули 2023 година, врз основа на правосилните судски пресуди, изврши конфискација на парични средства и воедно спроведе успешни продажби на одземен имот, за што денес во државниот буџет се префрлени 40.000.000 денари односно 650.000 евра, напиша Небиу во „Фејсбук“.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK