Министерството за правда денеска во 11:00 часот ќе отвори канцеларија за бесплатна правна помош во Општина Теарце.
Како што соопштуваат од Министерството, на настанот ќе присуствува министерот за правда, Кренар Лога, кој заедно со градоначалникот на општината ќе потпишат Меморандум за соработка.