– По известување за пожар во Катланово, добиено во ЦУК на Единствениот број за итни случаи 112, пожарникари на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје и Јавното претпријатеие „Национални шуми“ веднаш излегле на терен, по што огнената стихија е локализирана.
-Регионалниот ЦУК Скопје координирале со првите известувања при што надлежните институции веднаш излегоа на терен и ситуацијата е ставена под контрола. Командантот на БППЗ на Град Скопје при контактите со ЦУК посочи дека нема потреба од дополнителни сили и дека сами се справуваат со пожарот. Попладне ЦУК, во Секторот за операции и координација, доби известување дека пожарот е локализиран, стои во соопштението од ЦУК.
Јавното претпријатеие „Национални шуми“ – подружница „Караџица“ информира и дека горела нискостеблеста шума и сува трева. Нивна екипа и екипи на БППЗ, дополнитено ќе бидат на терен и ќе ја следат ситуацијата додека се доизгасне пожарот целосно, посочуваат од ЦУК.