– Ватерполо репрезентацијата на Шпанија е последниот патник во полуфиналето на Светското првенство кое се одржува во јапонскиот град Фукуока, откако денеска во четвртфиналето беше поуспешна од Франција со 7-6.
Противник на Шпанија во полуфиналето в четврток ќе биде Унгарија која обезбеди пласман меѓу четирите најдобри репрезентации со триумф над САД од 13-12.
Во второто полуфинале кое, исто така, е на програмата в четврток ќе играат Србија и Грција.
Србија претходно денеска на пенали ја совлада Италија, додека Грција беше поуспешна од Црна Гора.