Mладинскиот центар од Велес се вклучи на настанот „Идентификувај-Инспирирај-делувај“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Членови на Младинскиот центар од Велес во просториите на Европската куќа во Велес синоќа присуствуваа на настанот „Идентификувај-Инспирирај-Делувај” во соработка со Младите Можат – Youth Can, како дел од проектот Младински Локални Банки на подготвителните средби успешно се спроведува и во самиот центар.

– На настанот беше промовиран проектот што ги поддржува иницијативите и идеите на младите и со кој ќе се овозможи финансирање на младинските проекти со помош на локалните фирми и институции, информираат денеска од Младинскиот центар Велес.



Оттаму појаснуваат дека во текот на дискусијата била вклучена и публиката која одговорила на прашања поврзани со проектот.

Младите ги искажале своите размислувања и пристапиле со идеи за поголема ефективност на проектот. Се водела и  дискусија за актуелните предизвици на младите во Велес и решавање на проблемите на младите.

– Се исполни главната цел на настанот, да се оствари контакт помеѓу младите како неформална група и локалните фирми, појаснуваат од Младинскиот центар Велес.

На настанот присуствувале и членови на невладини организации од градот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK