Врховниот суд го отфрли барањето на градоначалникот на Химара, Белери за ослободување од затворски притвор

beleri
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Врховниот суд на Албанија го отфрли барањето за одредување поблага мерка и го остави во затвор Фреди Белери, кој е во притвор од 12 мај под обвинение за купување гласови.

Тој беше уапсен два дена пред локалните избори во земјата,  на кои беше реизбран за градоначалник на приморското гратче Химара, населено со припадници на грчкото малцинство, а изборот го верификува и Централната изборна комисија.


Претходно, Основниот и Апелациониот суд, како и Специјалниот суд за организиран криминал и корупција, ги одбија барањата да му биде изречена мерка домашен притвор за да може да ја обавува градоначалничката функција.

Нему му беше одбиена и дозволата што ја побара пред судот за учество на конститутивната седница на општинскиот совет на Химара, на која требаше да положи заклетва како градоначалник.

Тој не се согласува со обвинувањата, оценувајќи дека случајот има политичка позадина. Беше кандидат на  изборна коалиција на опозицијата” Заедно победуваме” во која дел беше и партијата на Грците.

Случајот “Белери” со посебно внимание го следи официјална Атина, која во неколку наврати побара негово ослободување, условувајќи ја Албанија со нејзиниот пат кон членството во ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK