Тунберг повторно се обиде да го блокира пристапот до нафтен објект откако беше казнета за истото дело

tunberg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За кратко време откако шведскиот суд ја казни Грета Тунберг за непочотување на полицијата за време на еколошки протест пред нафтен објект минатиот месец, активистката повторно се обиде да го блокира пристапот до истата локација и мораше да биде придружувана од полицијата.

Вчера, 20-годишната Тунберг ги призна фактите, но негираше дека е виновна за тоа што се случило. Таа изјави дека борбата против индустријата за фосилни горива е форма на самоодбрана поради егзистенцијалната и глобалната закана од климатската криза. „Не можеме да го спасиме светот играјќи според правилата“, изјави таа откако ја слушна пресудата, ветувајќи дека „дефинитивно нема да отстапи“.


Судот ги отфрли нејзините аргументи и ја казни со 2.500 круни (околу 240 долари).

Тунберг и неколку други млади активисти беа обвинети за непочитување на полициската наредба да се разотидат откако го блокираа пристапот до нафтениот терминал во јужниот шведски град Малме на 19 јуни.

И покрај казната, вчера попладне Тунберг и активистите се вратија на нафтениот терминал за да направат уште една блокада на патот и на крајот мораше да интервенира полицијата за да бидат отстранети.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK